send link to app

Математика 2


4.8 ( 48 ratings )
游戏 教育 가족 퍼즐
开发 Katerina Dimev
5.99 USD

Математиката за второ одделение е забавна, едукативна и иновативна апликација за проширување и обнова на знаењето за математиката.

Математичките содржини во оваа игра имаат за цел да им помогнат на учениците од второ одделение да ја научат или повторат математиката на еден поинаков начин. Преку забава, игра и решавање на логички задачи, малите математичари ќе научат за математиката и ќе ги развијат и подобрат своите логички вештини, памтењето и концентрацијата.

Во оваа виртуелна збирка на задачи ќе најдете 11 теми со 27 активности како што се:

-Броеви
-Собирање
-Одземање
-Задачи со пари
-Мерки за време
-Останати мерки
-Работа со дропки
-Препознавање на форми

Математиката за второ одделение како едукативна апликација има внимателно избран дизајн, весели анимации и аудио материјали кои ќе се погрижат да го привлечат и задржат вниманието на учениците. Задачите се интересни, а методот на изучување се темели на континуирано поттикнување на успехот на детето со пофалби, како и прифаќање на секое погрешно решавање на задачата без прекинување на истата – бидејќи потрагата за решението е дел од детското учење и едукација.